Јуп Хајнкенс, откако ја заврши најуспешната сезона во својата тренерска кариера, на германските медиуми им изјави дека веќе нема да и’ се врати на тренерската работа.


Договорот кој 68-годишниот стратег го имаше со Баерн Минхен, заврши оваа сезона, Хајнкенс најпрвин изјави дека ќе земе едногодишен одмор, но искусниот тренер со најновата своја изјава потенцирал дека заминува во пензија.

Хајнкенс во штотуку завршената сезона со Баерн ја освои тројната круна, нешто што не го сторил ниту еден германски тренер, него на клупата на Баварците од 1-ви јули ќе го наследи Пеп Гвардиола.

„Сигурно нема да и’ се вратам на тренерската работа. Имав чест и привилегија да си заминам во голем стил. Одушевен сум што мој наследник ќе биде Гвардиола, тој е идеален тренер за Баерн“, рекол Хајнкенс.

Германецот трипати во кариерата го тренирал Баерн (1987-91, 2008-09, 2011-2013), во кариерата уште работел во Борусија Менхенгладбах, Баер Леверкузен, Атлетик Билбао и Реал Мадрид со кој во 1998 година ја освои Лигата на шампиони.

OhridNews
извор: “Мафакс“