Јуп Хејкенс со триумфот на Вембли влезе во тренерската елита која со два различни клуба стигнала до трофеј во Лигата на Шампиони. Прв пат Хејкенс во 1998 година како предводник на Реал го совлада Јувентус со 1-0, со голот на Предраг Мијатовиќ.


Хејкенс си “купи“ место рамо до рамо со австриецот Ернест Хапел, германецот Отмар Хицфилд и португалецот Жозе Мурињо.  Хапел до првиот триумф стигна во 1970 година со Феенорд, и во 1983 година со Хамбургер. Отмар Хицфилд ги предводеше финалисите на Вембли Баерн во 2001 и Дормунд во 1996 година до триумфи. Жозе Мурињо триумфираше во 2004 со Порто и 2010 година со Интер.

Хејкенс со 68 години и 17 дена е вториот најстар освојувач на ЛШ. Рејмон Гутхалс имаше 71 година и 232 дена кога со Марсеј славеше во финалето 1993 година.

По завршувањето на сезоната Хејкенс ќе го препушти Баерн на Пеп Гвардиола.

ЛШ : Робен го лансираше Баерн Минхен на врвот од Европа (видео)

ЛШ : Навивачите на Баерн Минхен “полудеа“ на “Фејсбук“

Медиуми : Робен го скрши проклетството на Баерн

“Петката“ на Баерн “само“ за трето место на вечната листа во ЛШ

Манџукич ќе останеше без медалот од ЛШ (видео)

Фудбалерите на Борусија разочарани но горди по поразот во финалето

Робен : “Сонував за овој момент“

ohridnews