Триумфот на Бате над четири кратниот првак е изненадување на првата вечер од второто коло. Мечот помеѓу овие две екипи го водеше македонскиот арбитар Александар Ставрев.
– Знаев и пред натпреварот дека за разлика од други на овој не чека многу добар противник. Се работи за добра организирана екипа која игра квалитетно во одбраната. Кога ќе се собере нивната несебичност и бескомпромисната игра сосема заслужено триумфираа. Во вакви мечеви мораш прв да постигнеш погодок, тоа ние не го направивме откако Крос промаши зицер позиција во 13-та минута. Потоа примивме погодок и со играта тргнавме драстично надолу – потенцираше тренерот на Баерн Минхен, Хуп Хејнкенс.
Во наредната рунда вицепрвакот во Лигата на Шампиони, Баерн Минхен гостува кај Лил.