Баерн Минхен со триумф над Валенсија 2-1 ја започна новата сезона во Лигата на Шампиони. Тренерот на вицепрвакот Хуп Хејнкенс бил многу лут на фудбалерите после мечот бидејќи ја повториле грешката од финалето против Челси.

“Баварците“ со два голови предност влегоа во судиското продолжение. Манџукиќ имаше можност за трет погодок во мрежата на “лилјаците“ но го промаши пеналот а потоа следуваше контра и Валенсија го намали резултатот.

Затоа стратегот на “баварците“ бурно реагирал на опуштањето на фудбалерите во последните минути од мечот.

Мх.П.