Само чудо може да го спречи Баерн Минхен втора година по ред да не игра во финалето од Лигата на Шампиони. Убедливиот триумф над Барселона од 4-0 е само потврда на одличната форма на новиот бундеспрвак.
– Ние имаме потенцијал да го совладаме секој тим. Знаевме дека Барселона ќе има проблем со скок играта и тоа во целост го искористивме. Нашата дефеназивна игра беше рамна на перфекција и тоа беше клучот на успехот – истакна капитенот Филип Лам.
– Ова е неверојатно, не можам да верувам што се случи. Барселона доминираше во еврофудбалот во последните пет години, и ние мора да сме горди на ова што го постигнавме вечерва. Има уште еден меч да се одигра и мора да сме претпазливи. Од самиот старт на мечот се чувстувавме дека сме способни да извлечеме поволен резултат и одигравме како тим во сите 90 минути – рече стрелецот на третио гол Арјен Робен.
– Доста претрчавме и одигравме како тим. Знаев дека имаме добри напаѓачи кои ќе ја затресат противничката мрежа и среќни сме за постигнатиот успех. Има уште еден меч, но мислам дека вечерва одигравме феноменално – смета Рибери.
– Во текот на целата сезона играме сензационален фудбал. Неуспехот во последните две години го направи мојот тим гладен за успех, кој најдоборо го демонстриравме на теренот – рече тренерот во заминување Јуп Хејкенс.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com