Во потрагата по Зоран Танески, осомничен дека утрово со повеќе убоди од нож ја убил својата сопруга, Анита Танеска, вклучени се припадници на специјалната полиција и хеликоптер.

Тие вршат интензивно пребарување на регионот околу селото Оровник, каде претходно бил пронајден автомобилот БМВ со кој осомничениот се оддалечил од местото на злосторството.

Ohridnews