Од утре до 11-ти октомври 2014 година Охрид ќе биде домаќин на „XXIII Конгрес на хемичарите и технолозите на Македонија“.
Овој научен собир кој го организира Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија има за цел да ја промовира размената на идеи и резултати во областа на хемијата, хемискиот инженеринг и сродните области и да ја поттикне соработката помеѓу академските и стручните заедници.
На конгресот, освен хемичари и технолози од Македонија ќе учествуваат и експерти по хемија од Словенија, Бугарија, Хрватска, Турција и други странски земји. Според програмата, конгресните предавања ќе опфатат голем број актуелни теми од областа на хемијата и хемискиот инженеринг.
OhridNews