Деновиве во Собранието на Република Македонија беа донесени измените во Кривичниот закон, со кој се предвидува задолжителна хемиска кастрација за повратниците педофили.

Со измените, се предвидува и минимална законска казна од 12 години, доживотен затвор за тешки облици на сексуална злоупотреба, но и намалување на казната за половина за педофилите кои ќе се согласат да ја примаат терапијата.

Во изминатиот период, анализите покажаа дека голем број од овие лица откако ќе излезат од затвор, го повторуваат кривичното дело.

Инаку, Македонија е првата земја во регионот која ги направи овие измени во Кривичниот закон, чија цел е заштита на детето.

OhridNews