Македонската кошаркарска репрезентација одново ќе има натурализиран кошаркар во своите редови, откако Ричард Хендрикс позитивно одговори на повикот од селекторот на репрезентацијата, Јорданчо Давитков.
Хендрикс кој и порано беше дел од македонската репрезентација и се приклучи одма и ќе треба да биде замена за Бојан Трајкоски и Ѓорги Чековски кои поради повреди отпаднаа од комбинација.
Со американскиот интернационалец Македонија ќе ги одигра двата натпревари во претквалификациите со Словачка и Швајцарија. Прво „црвено жолтите“ гостуваат кај Словачка на 23 ноември, а дома ја пречекуваат Швајцарија три дена подоцна.
OhridNews