Македонската репрезентација има половичен скор од победа и пораз по двата одиграни натпревари на Евробаскетот. Третиот противник на „црвено жолтите“ во Ц групатае е домаќинот на ЕП, Хрватска која исто така има скор од победа и пораз.
– Нашиот императив на теренот секогаш е победа. И на мечот со Хрватска гледам шанса за таква нешто. Сите селекции што се на Евробаскетот се квалитетни и имаат по некој адут во своите редови. Не сакам да навлегувам во некои анализи, но сакам да се бориме на теренот и да ги „испотиме“ за победа домашните кошаркари. – рече Ричард Хендрикс.
И капитенот на репрезентацијата Владо Илиевски гледа позитивно на дуелот со хрватите кој ќе се одигра во вечерниот термин (21ч) во вторник.
– Тие играат со сите кошаркари и прават чести ротации. Истото ќе треба да го направиме и ние за што подобро да се спротиставиме на теренот. – додаде Илиевски.
Ohridnews












