Ули Хенес поднесе оставка на местото, претседател на фудбалскиот клуб Баерн, откако во четвртокот, поради даночно затајување, беше осуден на затворска казна во времетраење од три ипол години.

Хенес одлуката ја донел по разговорот со семејството, се наведува во кустото клупско соопштение. Хенес, на судењето признал дека затаил данок во износ од 27,2 милиони евра, тој истакнал дека нема да ја обжали пресудата.

Ули Хенес е легенда на Баерн, со клубот три пати последовно во 70-те години од минатиот век бил германски и европски првак. Како член на германската репрезентација ја освоил европската (1972) и светската (1974) титула.

„Макфакс“