Уште два дена преостануваат од
финалето во Лигата на Шампиони, во кое ќе се сретнат Баерн Минхен –
Челси. “Баварците“ на Алијанц Арената ќе атакуваат на петтиот трофеј
додека “сините“ од Лондон на првата титула во најеминетното
натпреварување на стариот континент.


– Ова е историски момент за сите нас. Ако фудбалерите успеат да го
совладаат Челси, цел живот ќе ги раскажуваат тие моменти. Не е мала
работа да се освои титулата во Лигата на Шампионо пред своите гледачи –
потенцираше претседателот на “баварците“ Ули Хенес.

Мечот од финалето во Лигата на Шампионите е закажан за в сабота во 20:45
минути. Главен судија на финалниот натпревар е португалецот арбитар Педро Проенса.

Мх.П.