По повод 60 години од формиранјето на Ансамблот „Билјана“ и 21 година од независноста на Македонија,  ансамблот „Билјана Јуниор“ на 8- ми септември организира хепенинг кој ќе се оддржи на платото Сараиште.

Одбележувањето на големиот јубилеј ќе започне во 18 часот. На хепенингот ќе настапат и гимназискиот хор, Петар Нечовски, Емилија Ѓореска,  Катерина Бачевска, Ивица Стојановски ФИЦ  и други.

 Охридскиот ансамбл „Билјана“, познат насекаде низ некогашните југословенски простори, пред 60 години беше формиран од Кузман Поп Стефанија, Сотир Димитроски – Сингл,  Бајрам Адем, Душко Мареноски, Ташко Петроски и Томче Луканоски за потоа да згасне во 2002 година.

Од пред две години нивниот пат го продолжува новиот ансамбл „Билјана Јуниор“, овој пат составен од група млади охриѓани, кои верно ги следат стапките на некогаш најпознатиот ансамбл на староградски чалгии.

OhridNews