
Со своја програма ќе учествуваат децата од турската група од детската градинка “Јасна Ристеска” – Охрид, како и учениците од ОУ “Братство Единство” – Охрид кои наставата ја следат на турски наставен јазик.
Во случај времето да е врнежливо, манифестацијата ќе се одржи во салата на ОУ “Братство Единство” – Охрид, информираат од Здружението на граѓани „Карабеј Махале“ – Охрид.










