Херојот на „азурите“ од Мундијалот во Германија во 2006 година, Фабио Гросо ќе го преземе кормилото во Бреша. Тој потпиша договор до крајот на сезоната со опција за продолжување на договорот.

Гросо е голем љубимец на италијанската јавност после незаборавниот настап на Светското првенство пред 13 години. Гросо човек на одлуката беше во полуфиналето против домашната селекција и во финалето кога постигна пеналот за победа.

Легендарниот фудбалер на Италија ќе има ултра тешка задача да ја извлече Бреша од опасната зона и да обезбеди опстанок во Серија А.

Гросо тренерската кариера после завршување на фудбалска ја започнал во младинските категории од Јувентус. Во сениорски екипи искуство има водејќи ги Бари и Верона. Деби на клупата од Бреша ќе има против Торино.

OhridNews