Поранешниот германски претседател Роман Херцог, денеска во Охрид ќе биде одликуван со највисокиот орден 8-ми Септември, кој може да го добие еден странски државјанин во Македонија. Херцог беше дел од петчлената Бадентерова комисија која одлучи дека Македонија има право на самоопределување и отцепување од поранешна Југославија.
Претходно за истите заслуги со вакво одличје се закити истакнатиот француски правник Роберт Бадентер кој беше одликуван од поранешниот претседател Бранко Црвенковски.












