Харалампие Хаџи – Ристески или Благоја Николоски. Кој од двајцата кандидати ќе седне на претседателската фотелја во Фудбалската Федерецаја на Македонија во наредните 4 години.

Прилепчанецот е бранител на “титулата“ и ќе атакува на свој трет мандат. За поранешниот прв човек на Македонија ЃП, скопјанецот Николоски ова е прв обид да стигне до претседателското место на најмоќната спортска федерација во Македонија.


Фудбалски кажано, од втор план својата шанса ќе ја чека Масар Омераѓиќ (кандидат на ОФС Струмица) чија кандидатура беше одбиена од УО. Омерагиќ очекува во последен миг да се вклучи во трката.

Изборите ќе ги набљудува Словенецот Руди Заврл, како специјален пратеник на ФИФА и УЕФА.


Гласањето за претседател треба да биде јавно, ако делегатите на самата седница не одлучат поинаку. За да работи и да донесува полноправни одлуки, на Собранието треба да бидат присутни 2/3 од вкупниот број делегати (79). Таа бројка е потребна за победа во првиот круг, доколку во трката учествуваат тројца кандидати. Во изборот меѓу двајца кандидати, претседател ќе биде тој што ќе добие повеќе гласови.

Покрај претседателот, делегатите ќе го избираат и новиот 14-член состав на „фудбалската влада“. Од 26 ОФС, номинации на свои кандидати за член во УО немаат само Прилеп, Скопје, Струмица, Валандово и Ресен. Изборот на членовите во УО ќе биде таен.

М.П.