Охриѓанецот Зоран Левески со хет – трик го предводеше македонскиот футсал-шампион Железарец до убедливата победа од 13 – 5 против турскиот Истанбул Универзитеси.На другиотнатпревар во групата Футсал Осло (Норвешка) беше подобар од Даниловград (Црна Гора) со 7-3.
– Постигнавме повеќе од одличен резултат во не` така добар меч во кој направивме доста грешки. Добивме добра група и со победа над денешниот противник имаме одлични шани да бидеме први во групата – рече Левески.
Денес на програмата се натпреварите од втората рунда, а играат Истанбул и Даниловград, односно Железарец – Футсал Осло.










