Охриѓанецот Зоран Левески со хет – трик го предводеше македонскиот футсал-шампион Железарец до убедливата победа од 13 – 5 против турскиот Истанбул Универзитеси.

На другиотнатпревар во групата Футсал Осло (Норвешка) беше подобар од Даниловград (Црна Гора)  со 7-3.

Постигнавме повеќе од одличен резултат во не` така добар меч во кој направивме доста грешки. Добивме добра група и со победа над денешниот противник имаме одлични шани да  бидеме први во групата – рече Левески.

Денес на програмата се натпреварите од втората рунда, а играат Истанбул и Даниловград, односно Железарец – Футсал Осло.

Последното коло ќе биде на програмата в недела кога ќе се реши прашањето кој екипа би го освоила првото место во оваа група, место што води во натамошните натпревари од Футсал-купот.

М.П.