Во пријателски фудбалски натпревар помеѓу Чивас Гвадалахара и Реал од Мадрид, мексиканскиот тим беше поразен од кралскиот клуб со 3:0.

Стрелец на сите три гола беше Кристијано Роналдо. Својот прв гол Роналдо го постигна на асистенција на Бензема во 72`, по досудениот пенал во 75 минута зголеми на 2-0, додека конечниот резултат го постави по асистенција на Озил во 81 минута.