Челниците на Челзи веруваат дека португалскиот стратег Жозе Мурињо на крајот од сезонава ќе го напушти “Стемфорд бриџ“, доколку по трет пат не ја освои титулата во Премиерлигата.

Челзи без отсутните Чех на голот и капитенот Џон Тери, годинава изгледа немоќно, а челниците на клубот стравуваат дека Мурињо може да ги напушти при евентуален неуспех, па така веќе на големо се зборува дека него ќе го замени големиот холандски стратег Гус Хидинк.

Хидинк сам потврди дека се сретнал со Абрамович и дека разговарале за многу работи. Тој директно не ги потврди гласините дека го презема Челзи, но ниту ги демантираше.


Гус Хидинк