Во рамки на обновените мрестилишни инсталации кои се дел од донацијата на кралството Норвешка, во тек е изградба на уште еден дел- биофилтер. Се гради со средства доделени од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
– Според законот секое мрестилиште мора да има филтер и затоа решивме да оформиме мало езерце на местото од старите корита, во кое водата од мрестилиштето ќе се задржува одредено време и нема директно да се влева во езерото. Овој нов дел ќе има двојна улога- освен како биофилтер, ќе служи и како мрестилиште за подмладокот на охридскиот крап, вели директорот на Хидробиолошкиот завод, Гоце Костоски.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com