Дефанзивецот на Атлетико, Хозе Хименез не се согласува со организирање шампионски шпалир за фудбалерите на Реал Мадрид пред почетокот на меѓусебниот дуел следното коло.

Честитки до Реал Мадрид за титулата. Тие навистина го заслужуваат тоа, но ние имаме голема почит кон нашите навивачи, го кажа своето мислење Хименез за идејата да биде приреден шампионски коридор.

Натпреварот од 35. коло во Ла Лига меѓу лутите градски ривали ќе се одржи на 8 мај на „Ванда Метрополитано“.

Атлетико синоќа загуби до Атлетик Билбао со 2:0 и си го доведе во прашање настапот во Лигата на шампионите следната сезона, додека Реал го победи Еспањол со 4:0 и го обезбеди трофејот.

OhridNews