Центар за култура „Григор Прличев“

Од 08.04.2022 - 20:00 до 08.04.2022 - 21:30

Театарската претстава хит-комедијата „Чекајќи го министерот“ со популарната српска актерка Лидија Вукичевиќ, ќе се игра во неколку градови низ Македонија, а во Охрид гостуваат во петок на 08.04.2022 година, со почеток во 20 часот, во големата сала во Ценатрот за култура „Григор Прличев“ Охрид.

Станува збор за хит-комедија која предизвика интерес кај публиката од бившите ју-простори, а која извесен период не се прикажуваше заради пандемијата на коронавирус. Дејството на претставата се случува во една руинирана кафеана, за чие реновирање, во очекување на доаѓање на министерот, е ангажиран дизајнер, велат од Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид.

Покрај Лидија Вуќичевиќ, актерка која нашата публика ја знае од серијата „Бољи живот” и серијалот филмови „Жикина династија“, во претставата игра и нашиот актер Сашо Ристовски, како и Семир Гигиќ, кој воедно е автор на текстот и режисер на претставата.

Карти по цена од 200 денари може да се најдат на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066. Претставата ќе се одигра согласно здравствените протоколи.

OhridNews