Швајцарскиот стручњак, Отмар Хицфилд жестоко го критикуваше стратегот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо. Според 62-годишниот стратег, однесувањето и односот на португалецот воопшто не се совпаѓаат со реномето на кралскиот клуб.


Хицфилд во својата колумна во германскиот Кикер вели : “Мурињо го уништи имиџот на легендарниот клуб. Ваков начин на игра не се доликува на тимот на Реал Мадрид па дури и е навредливо за историјата на клубот“.

Хицфилд е еден од тројцата тренери кои со два различни тима ја освојувале Лигата на Шампиони. Прво тоа му појде од рака на Австриецот Ернст Хапел со тимовите на Феенорд во 1970 г.  и Хамбург 1983 г. Хицфилд триумфираше со Борусија Дортмунд во 1997 и со Баерн Минхен во 2001 г.. Мурињо ја освои ЛШ со Порто во 2004 г. и со Интер 2010 г.

Ohridnews