Во организација на невладината организација „Интер етник проект“ од  Гостивар, а со подршка на министерството за здравство, на плоштадот чај стариот Чинар во Охрид, денеска ќе се одржи ХИВ Караван и Форум театар. Активностите претставуваат дел од активностите од проектот “Одржување на ниска преваленца на ХИВ во РМ, одржлив развој, – застапување, комуникација и социјална мобилизација“.

Целта на ХИВ караванот и Форум театарот  е да се зголеми видливоста и ефикасноста на превентивните програми за ХИВ и туберколоза кои се имплементираат во Охрид.

Во рамки на настанот предвиден е настап на музички изведувачи и театарски претстави.

OhridNews