Министерoт за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, директорот на Центарот за управување со кризи Мухамед Али и Владимир Буревски во име на компанијата Moдирум Платформс од Скопје потпишаа Меморандум за соработка за унапредување на раното откривање пожари и заштитата на животната средина.
Со потпишаниот меморандум се воспоставува рамка за реализација на пилот-систем за видео мониторинг на депонии преку современи камери, интелигентна видеоаналитика и вештачка интелигенција ќе овозможи навремено откривање на чад, пожар и други ризици, информираат од Министерството.
Центарот за управување со кризи (ЦУК), посочуваат, ќе обезбедува 24-часовен мониторинг и ќе ги известува надлежните институции при идентификување на ризик, со што се овозможува побрзо реагирање и подобра координација.
Moдирум Платформс ќе обезбеди опрема за системот на привремено користење во период од една година, како дел од својата поддршка за иницијативи од јавен интерес.
Со овој пилот-проект, МЖСПП ја унапредува примената на современи дигитални технологии во заштитата на животната средина, со фокус на превенција, рано предупредување и поефикасно реагирање, посочуваат.
Додаваат дека резултатите од пилот-фазата ќе бидат основа за разгледување на можностите за проширување на системот на национално ниво.
OhridNews











