Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Рој Хоџсон, го соопшти конечниот список на играчи кои ќе патуваат на Европското првенство во Полска и Украина.

Хоџсон соопшти дека одредил петмина фудбалери кои ќе бидат резерви во случај да се повреди некој од патниците на Еуро 2012: Батленд (Бирминген), Адам Џонсон (Манчестер Сити), Стариџ (Челзи), Јагјелка (Евертон) и Хендерсон (Ливерпул).

Составот на Англија за Еуро 2012:

Голмани: Харт (Манчестер Сити), Грин (Вет Хем), Руди (Норич)

Одбрана: Бејнс (Евертон), Џонсон (Ливерпул), Тери, Кејхил, Кол (Челзи), Лескот (Манчестер Сити), Џонсон (Манчестер Јунајтед)

Среден ред: Волкот, Окслејнд-Чемберлен (Арсенал), Даунинг, Џерард (Ливерпул), Бери, Милнер (Манчестер Сити), Лампард (Челзи), Паркер (Тотенхем), Јанг (Манчестер Јунајтед)

Напад: Руни, Велбек (Манчестер Јунајтед), Керол (Ливерпул), Дефо (Тотенхем)

Англија на Европското првенство се наоѓа во Д групата заедно со Франција, Шведска и Украина.

Ohridnews