Мечот помеѓу Франција и Англија не го оправда епитот на дерби пресметка. Англија повеќе мислеше како да не прими погодок додека “триколорите“ јалово ја имаа теренската иницијатива.
– Се разбира дека ние и Франција сме фаворити во групата но тоа е само на хартија. Мечот беше тежок и исцрпувачки. Задоволни сме со ремито на стартот од Европското првенство – краток и јасен беше селекторот на Англија, Рој Хоџсон.
Капитенот на “гордиот албион“ Стивен Џерард е импресиониран од игрите на младите репрезентативци.
– Нашите перформанси изгледаа супер и задоволни сме од освоениот бод. Ќе ја анализираме играта и ќе видиме каде грешиме и каде сработивме добро. Тие се млади но и добри фудбалери – потенцираше Џерард.
Мх.П.