Селекцијата на Англија уште големо натпреварување го завршува по изведувањето на пеналите. Посреќна од Англија во пенал рулетот беше Италија победувајќи 4-2. “Азурите“ за влез во финалето ќе се борат со фаворитот Германија.

Вежбањето на тренинзите да изведуваме пенали, не ни помогна многу. Кога го промаши Монтоливо пеналот се понадевав на пласман во наредната фаза бидејќи сите “пеналџии“ беа сигурни на тренинзите. Јанг и Кол ги реализираа сите пенали на тренинг но ете во пенал рулетот ги стигна нервозата, заморот и притисокот. Италија после маестралниот пенал на Пирло направи чекор понапред и до крајот ги искористија. Европското првенство во Полска и Украина го завршивме без пораз и заминуваме со главите горе – потенцираше селекторот на “трите лава“ Рој Хоџсон. 

Проклетството од пеналите Англија ќе ја прогонува најмалку уште две години до почетокот на СП во Бразил 2014 година.

Мх.П.