Селекцијата на Англија уште големо натпреварување го завршува по изведувањето на пеналите. Посреќна од Англија во пенал рулетот беше Италија победувајќи 4-2. “Азурите“ за влез во финалето ќе се борат со фаворитот Германија.

– Вежбањето на тренинзите да изведуваме пенали, не ни помогна многу. Кога го промаши Монтоливо пеналот се понадевав на пласман во наредната фаза бидејќи сите “пеналџии“ беа сигурни на тренинзите. Јанг и Кол ги реализираа сите пенали на тренинг но ете во пенал рулетот ги стигна нервозата, заморот и притисокот. Италија после маестралниот пенал на Пирло направи чекор понапред и до крајот ги искористија. Европското првенство во Полска и Украина го завршивме без пораз и заминуваме со главите горе – потенцираше селекторот на “трите лава“ Рој Хоџсон. 

Проклетството од пеналите Англија ќе ја прогонува најмалку уште две години до почетокот на СП во Бразил 2014 година.

Мх.П.