Во уривањето на авионот од типот „Јак-42“ на руската компанија „Јак Сервис“ при полетувањето од Јарослав, според последните информации од истрагата има 35 загинати и двајца преживеани, јавува РИА Новости.

 

Авионот паднал при полетувањето од аеродромот Туношна крај Јарослав, во реката Волга на еден километар од пистата за полетување но на територијата на аеродромот.

Несреќата се случила околу 14.02 часот по македонско време и во неа загинала целата екипа на хокеарскиот клуб Локомотив од Јарослав која патувал на меч во белоруската престолнина со екипата на Динамо Минск каде требаше да го одигра натпреварот од првиот круг во Континенталната хокеарска лига

На местото од инцидентот се излезени истражните органи во транспорт од јарославската област, а наскоро се очекува од Петербург да пристигнат и припадниците на северо-западниот истражен орган при управата за транспорт

Како што пренесува агенцијата ИТАР-ТАСС, којашто се повикува на извор од истражните органи, во авионот во кој имало вкупно 37 патници и членови на екипажот, паднал на два километра од аеродромот при обидот да добие во височина. По падот авионот се запалил и се распарчил на неколку делови од кое еден паднал во реката.

“извор Макфакс“
Ohridnews