Репрезентациите на Холандија и Шпанија ќе ги одмерат силите во финалето од ракометниот Мундијал, кој изминатиов период се одржува на Јапонија.

„Лалињата“ во полуфиналната пресметка ја совладаа Русија со 33-32, додека „црвената фурија“ ја збриша фаворизираната Норвешка со 28-22.

Финалните натпревари на Мундијалот се закажани за в недела.

Рано изутринава Црна Гора ја обезбеди петтата позиција после победата над Србија 28-26, а Шведска финишираше седмопласирана благодарание на триумфот над Германија 35-24.

OhridNews