Европската ракометна федерација (ЕХФ) обајви дека Холандија се повлече од организацијата на европското ракометно првенство во 2012 година. Финалните мечеви беа планирани да се играат од 4 до 16 декември 2012 година.

По дописот кој уследил до ЕХФ ќе се бара алтернатива кој ќе биде домаќин на собирот на кој пласман обезбеди и Македонија.  Ждрепката за групите која беше планирана за среда 6 јуни е одложена.

 

Пласман на европскиот шампионат обезбедија , Германија, Унгарија, Романија, Србија, Црна Гора, Русија, Франција, Македонија, Шведска, Чешка. Хрватска, Данска, Украина, Шпанија, Норвешка и Холандија.