Челникот на холандската крајна десница Партија на слободата (PVV), Геерт Вилдерс им се заблагодари во средата вечерта на оние кои гласале за него, признавајќи го поразот на парламентарните избори пред партијата на досегашниот премиер Марк Руте, но вети дека нема да отстапи од своите политики, jaвува „Макфакс“.

„Им благодарам на избирачите! Добивме места во парламентот! Руте уште ќе ме слуша“, вети Видлерс во изјавата на Twitter.

Либералната Народна партија за слобода и демократија (VVD) на премиерот Марк Руте освоила 31 од 150 мандати во долниот дом на холандскиот парламент, што е доста помалку од 41 мандат освоени на изборите во 2012 година, покажува излезната анкета на холандската радиотелевизиска мрежа NOS. 

На второто место е крајно десната Партија на слободата (PVV), на Геерт Вилдерс, Христијанско-демократската партија (CDA) и Демократите (D66) со освоени 19 пратенички места. На третото место е Зелената левица со 16, а на четвртото Социјалистичката партија со 14 мандати.

Имајќи предвид дека за формирање на владејачката коалиција во Холандија неопходно е просто мнозинство, или 76 пратеници, значи дека по овие избори за формирање на владина коалиција на четири партии. Тоа посочува дека повторно престојат многу тешки преговори, но и можност Марк Руте по третпат од 2010 година да го добие мандатот за формирање влада.

OhridNews
извор: „Макфакс“