Претставници на холандската фирма Resort- marina Olderhuuske, денеска ја посетија Општина Охрид . Тие покажале интерес за погодните локации за изградба на марина и специфични платформи на кои се поставуваат монтажни куќички и автокампови.


По презентацијата на можностите за инвестирање во Охрид тие посебен интерес покажале за локациите  кај Студенчишкиот канал и потегот од Младинскиот центар до авто-кампот Андон Дуков.

OhridNews