Музичката програма на „Охридско лето“ вечерва продолжува со Холандската вечер во рамки на која предвиден е концертот на гудачкиот квартет на кралскиот „Концертгебау Oркестар“, со уметниците Марк Даниел ван Бимен и Коралине Гроен на виолина, Санта Визине на виола, Борис Недјалков на виолончело и Арно Питерс како солист на кларинет.

Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.
OhridNews











