Хортикултурно уредување на Холандскиот парк во Охрид била една темите на разговор на средбата помеѓу заменик градоначалникот Томислав Тунтев и амбасадорката на Кралството Холандија во Р. Мaкeдонија, Н.Е .Симоне Филипини, која вчера престојуваше во работна посета на општина Охрид.



– Овој парк ќе ја промовира идејата за здрав живот  па  токму затоа ќе го промовираме и велосипедизмот кој е една карактеристика на Холандија  и ќе поставиме  статички велосипеди каде граѓаните на Охрид ќе можат да се рекреираат – рече амбасадорката Филипини.

Советникот Томислав Тунтев ја поздравил ваквата идеја потнцирајќи дека холандскиот парк нема да биде само споменик на едно време туку и секјдневно место за рекреација и одмор на охриѓани.

OhridNews