Во нокаут фазата од Лигата на Европа, Македонија ќе ја претставуваат двајца фудбалери Горан Пандев со екипата на Наполи и Даниел Георгиевски со тимот на Стеуа.

Наполи и Горан Пандев за противник во 1/16 финалето ја добија Викторија Плзен додека Георгиевски со Стеуа ќе се сретне со Ајакс.

Поради повредата здобиена пред извесно време најверојатно стандардниот македонски репрезентативец Георгиевски ќе ги пропушти мечевите со Ајакс

Освојувачот на трофејот минатата сезона Атлетико Мадрид одбраната на титулата во нокаут фазата ќе ја започне против Рубин Казан.

БАТЕ Борисов  – Фенербахче
Интер – Клуж
Леванте – Олимпијакос
Зенит – Ливерпул
Динамо Киев – Бордо
Леверкузен – Бенфика
Њукасл – Металист
Штугарт – Генк
Атлетико Мадрид – Рубин Казан
Ајакс – Стеуа
Базел – Днипро 
Анжи – Хановер
Спарта Прага – Челси
Менгладбах – Лацио
Тотенхем – Лион
Наполи – Викторија Плзен
Првите натпревари во Лигата Европа се играат на 14 февруари, реванш дуелите седум дена подоцна односно на 21 февруари. Овогодинешното финале во најмасовното натпреварување под капата на УЕФА се игра на Арената во Амстердам.
Мх.П.