
– Тие повеќе играат трчај – шутни, играат брза кошарка, физички се добро подготвени, еден на еден се многу опасни. Овие неколку дена ќе се обидеме да направиме против игра. Ќе барам повеќе да ја движиме топката и да не влеземе во нивниот ритам. Поискусна екипа се од нас, имаат предност, но јас сум оптимист и мислам дека по реваншот во Охрид, ние ќе бидеме тимот кој ќе обезбеди пласман во второто коло.

поради повреда неизвесен е негвиот настап – Џарид Фрај
“Езерџиите“ ги посакуваа холанѓаните за противници. И покрај тоа што не доаѓаат од кошаркарска земја, сепак тие се 
– При компонирањето на оваа екипа целта беше обезбедување на пласман во групи – вели потпреседателот на клубот Христијан Шапкар.
Реванш мечот е на 11 ноември во Охрид, според Шапкар ваквиот распоред на натпревари ќе биде предност за Амак СП .
– Очекувам да извлечеме поволен резултат во Холандија, а потоа со подршката на охридските рибари, до го однесеме АМАК СП во натпреварите по групи во Фибиниот Куп.










