Во посета на ОСУ „Св Климент Охридски“  деновиве беа ученици и професори од училиште од Апелдоорм Холандија.

Гостите во охридската гимназија присуствуваа на презентации кои заеднички беа изработени од страна на учениците од двете училишта. Низ проектите учениците и професорите се запознаа со различните знаменитости, култури и историите на двете земји.

Професорите остварија и посета на различни наставни часови, со цел да се запознаат со наставните програми и начинот на изведување на наставните часови во училиштето.

OhridNews