И покрај зачестените инциденти во кои има и употреба на оружје, полицијата тврди дека безбедносната состојба во Охрид е стабилна.
– Сите овие нарушувања се инцидентни и никако не смее да им се придава значење дека тоа е секојдневие во Охрид.-вели Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Со цел да се спречат инциденти кои испраќаата лоша порака за Охрид пред почетокот на главната туристичка сезона полицијата најави дека ќе го зголеми своето присуство на терен во текот на целото деноноќие.
– Интензивно ќе бидеме присутни во објектите околу кои се случуваат таквите немили ситуации и бескомпромисно ќе настапуваме, без оглед за кого станува збор.-најавува Димоски,
Јавноста очекува надлежните институции да се справат со насилството во Охрид, бидејќи тоа ја загрозуваа безбедноста на граѓаните и гостите, што негативно влијае на ионака разнишаниот углед на градот.