Екипа на холандската национална телевизија снима репортажа за Охрид и Струга. Jа затекнавме пред хотелот „Метропол“, еден од објектите каде ќе престојуваат холандските туристи кои во Охрид ќе доаѓаат преку тур-операторот „Корендон“.


Првиот чартер авион со туристи од Холандија пристигна на 6-ти мај на аеродромот „Св. Апостол Павле“. До октомври секоја недела во Охрид ќе доаѓаат по околу 500 туристи од Холандија, кои ќе имаат можност да ги посетат уште и Кавадарци, Неготино, Струмица, Штип, Скопје и Вевчани. Се очекуваа оваа година „Корендон Интернешнл“ во Македонија да реализира над 10.000 аранжмани.

OhridNews