На иницијативца на Ели Младеновиќ Поцеста, охриѓанка која долги години живее и работи во Холандија, претставници на холандската организација „АЛЕСКОН“ од градот Асен, која е специјализирана во областа на социјалната политика, вчера остварија средба со претставници на локалната самоуправа.
Гостите од Холандија биле запознаени со социјалните политики на општина Охрид и проектитие кои локалната самоуправа ги спроведува во оваа област. На средбата станало збор за искористување на холандските искуства и нивната примена кај нас, како и заедничко ползување на европските фондови за одредени проекти.
Гостите од Холандија го посетија и дневниот центар “ЗРАЦИ“ и изразија подготвеност да го помогнат во неговите активности. Се очекува во наредниот период засилена комуникација на општина Охрид со „АЛЕСКОН“ и градот Асен и конкретизирање на соработката со заеднички проекти, информираат од локалната самоуправа.
OhridNews












