Марк Ван Бомел, Рафаел ван дер Варт, Весли Снајдер и Џон Хејтинга останаа без зборови по поразот од Данска од 1-0.

– Им дадовме само една шанса, и уште една од корнер и толку. Ние креиравме многу прилки, еднаш ја погодивме и стативата и навистина не ми е јасно како го загубивме мечот. Без зборови сум, ова беше многу важен натпревар. Далеку од тоа дека е готово, имаме уште два меча, постигнувањето голови е она што се смета. Одигравме добро но не победивме. Преферирам да играме лошо и да победиме со 1-0. Мора да победиме на наредните два меча, немаме друга опција -рече капитенот Марк Ван Бомел.

-Разочарувачки е кога ќе одиграте ваков меч, во кој имате серија шанси, а противникот од два удари кон голот ве победува со 1-0. Кога ќе имате 25 удари кон голот и не погодите, тогаш и не заслужувате да победите. – рече Ван дер Варт.

– Тешко е. Единствена позитивна работе е то што одигравме добро, имавме многу шанси. Сигурен сум дека ќе направиме доста шанси и против Германија, тоа е нашата сила, но за разлика од денс ќе мора и да погодуваме, бидејќи тоа ќе значи крај за нас – рече плејмејкерот Снајдер.

Сите се едногласни дека мора да се победи Германија, доколку сакаат да останат во трката за титулата.

М.П.