Последните 149 гости од Холандија кои престојуваат на охридско – струшкото крајбрежје во режија на тур-операторот „Корендон“ и домашниот парнер „Фибула“ денеска од аеродромот „Св. Апостол Павле“ заминуваат од Македонија.

Овие две туристички организација годинава реализираа 11.000 пакет аранжмани на холандскиот пазар, што е за 40 отсто повеќе од предвиденото.


Хотелиерите се оптимисти дека и следната година ќе биде успешна. Веќе се продадени над 200 aранжмани, а стартно е договорено на охридскиот аеродром да слетуваат 4 чартер авиони неделно од Амстердам. Се очекува зголемување и на бројот на гости на кружните тури низ Македонија, а понудата ќе биде збогатена со пакет аранжман во кој покрај Македонија ќе бидат вклучени уште и Албанија и Косово, на што уште се работи.

Првиот чартер авион со туристи од Холандија во Охрид во 2012 година ќе слета на 4 мај.

OhridNews