Основното училиште „Св. Климент Охридски“ од Охрид за прв пат учествуваше во проектот „Холокаустот низ призмата на детските очи“ во организација на Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите во Македонија и Министерството за образование и наука.
Учениците со помош на нивните наставници – ментори изработија ликовни творби, напишаа есеи и изработија дигитални содржини на коишто го прикажаа нивниот поглед и видување за ужасот наречен геноцид, страдањата на Евреите за време на Втората светска војна и холокаустот, се’ со цел: НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ!
Проектот вклучи три категории: ликовен конкурс, литературен конкурс и конкурс за дигитална содржина, а учениците од Основното училиште „Св. Климент Охридски“ учествуваа во сите три дела.
За реализација на документарниот приказ „Ана Франк“, на учениците им помогнаа нивните наставници Димитрие Ристески како камерман, Никица Мишева како сценарист и режисер, и Борче Трифуноски – монтажер во телевизија „О2“.
Мишева вели дека целта беше самите деца да се запознаат подлабоко со тоа што е холокаустот, но истовремено и да пренесат какви неправди им биле нанесени на милиони луѓе со цел геноцидот никогаш да не се повтори.
OhridNews