Со долги аплаузи, публиката ги поздрави членовите на градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“ на гостувањето во Романија.

Хористите под водство на диригентот Бурим Хидри имаа два настапи на 27-то издание на Меѓународниот фестивал за хорска и инструментална музика „Д.Д Киријак“, што се одржа во градот Питешти и во катедралата Аргеш. Изведоа хорски ирелигиозни композиции, а диригентот Хидри е повеќе од задоволен, вели се исплатеа напорните проби и трудот што го вложивме сите.

Од ова гостување произлегоа нови пријателства и контакти за идни настапи во неколку балкански земји. Но, тука не застануваат. Веќе започнаа со проби за она што ги очекува, тоа е концертот што во нивна организација ќе се одржи на 10-ти јули од 20:00 часот во Католичката црква во Охрид, а очекуваат гостински хорови од Србија, Косово и Бугарија.

OhridNews