Обилните врнежи од снег што синоќа го зафатија регионот го отежнаа одвивањето на сообраќајот. Особено лоши се условите на магистралниот пат Охрид – Кичево. Коловозот е под снег, кој и натаму паѓа. На планинскиот превој Пресека е воведена забрана за тешки товарни возила. На граѓаните им се препорачува да не патуваат освен ако не мораат, и да избегнуваат возење ноќе.


Вака изгледа магистралниот пат Охрид – Кичево низ Дебрца

Како што минформираат од АМСМ, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива во зимски услови по влажни коловози наместа со остатоци од снег. На високите места, усеците, клисурите и мостовите, поради ниските температури, можна е појава на голомразица. На патниот правец Маврови Анови-Жировница во сила е забрана за движење на секаков вид возила поради лавини. Не е оспособен за сообраќај за патнички возила патниот правец с. Маврово-Никифорово-Леуново-крак Маврово. Забрани за сообраќај на тешки товарни возила има на пл. превои Стража, Пресека, Буково, Ѓавато пат. правец Струга- г.п. Ќафасан, Дебар- Струга, Тетово-Попова Шапка касде не сообраѓаат ниту автобуси и патниот правец Крива Паланка – Деве баир каде е задолжителна зимска опрема за течки товарни возила. Лесни моторни возила можат да се движат наизменично на патниот правец с.Маврово-Маврови Анови-Гостивар. На патниот правец Битола- Нижеполе- Молика (Р506) задолжителна е употреба на зимска опрема за сите видови на возила. Посебна внимателност на пат. правец Д. Капија-Удово и Струга-Дебар поради појава на одрони.

OhridNews