Пред првомајските празници, екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец” започнаа со хортикултурно уредување на населбите, метење и миење на јавните површини и подигнување на различен вид отпад (пластика, градежен шут и др.).
Како што информираат од претпријатието, темелно се расчистени викенд населбите „Даљан“, „Расадник“, „Никола Карев“, како и стариот дел од градот покрај „Илинденска“, „Климентов Универзитет“ и „Кирил и Методиј.“.
„Канделабрите на градскиот плоштад се украсени со паѓачки сардели, а во наредните денови со сардели ќе се украсат канделабрите по чаршијата и градскиот плоштад.“ – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Оттаму потенцираат дека главната сообраќајница, булеварот „Туристичка“, хорикултурно се уредува, а денот на трудот, 1-ви Мај, вработените од „Јавна Хигиена“ ќе го одблежеат работно.
OhridNews















